Германските и данските власти уапсија тројца Сиријци под обвинение дека планирале напади, соопштија обвинителите.
Клаус Тевас, портпаролот на федералното обвинителство во градот Наумбург, изјавил дека е издаден налог за апсење на три лица на возраст од 33, 36 и 40 години минатата недела под сомнение дека подготвуваат сериозен чин на насилство.
Како што се наведува, тие купиле седум килограми хемикалија во јануари, од која може да се направи експлозивна направа.
За време на претресот на становите на осомничените во градот Десау-Рослау, помеѓу Наумбург и Берлин, биле пронајдени 10 килограми барут и фитиљ.
Двајца се уапсени во Данска, каде што се пронајдени повеќе хемикалии, а третиот е уапсен во околината на Франкфурт.