Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје за подобра информираност на граѓаните на град Скопје го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење. Извештајот е добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата што го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 1.2.2021 до 5.2.2021 зеде 182 примероци за физичко-хемиска и 182 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 38 мерни места во градот Скопје.
Во согласност со добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење („Службен весник на РМ“, бр. 183/18).