Дел од железничкиот сообраќај беше откажан од изутрина во Германија, која се подготвува за снежна бури и ниски температури. Метеоролозите предупредуваат на снежни бури и мраз во Северна Рајна-Вестфалија, Хесен и во други области, додека во јужна Германија има значително потопло време.
Германската агенција ДПА јавува дека веќе се забележани големи количини на снег во близина на централниот град Гетинген, во близина на Хановер и на северозападот на земјата.
Германската метеоролошка служба ДВД најавува „пристигнување на вонредна зима“. Во недела се очекуваат големи наноси на снег, така што некои патишта и пруги може да бидат затрупани.
Метеоролозите очекуваат нови 15 до 40 сантиметри снег, а дел од железничките линии во центарот и север од земјата се откажани уште пред новиот снег
– Мерката е воведена поради претпазливост – рече портпаролот на железницата.
Патувањата од и до Хамелн, Хилдесхајм, Нинбург и околу Хановер и Бремен се откажани.