Македонија ќе добие 103.200 вакцини против ковид-19 преку системот „Ковакс“, во рамките на кој е планирана испорака на 337,2 милиони дози вакцини во земјите во развој, во првата половина од годинава.
Тоа количество ќе биде доволно за вакцинирање на речиси три проценти (безмалку 169 милиони луѓе) од населението во 145 држави кои учествуваат во иницијативата.
Меѓу земјите во регионот, Србија ќе добие 345.600 дози, Босна и Херцеговина 177.000, Албанија 141.600, Косово 100.800 и Црна Гора 84.000.
Се очекува преку „Ковакс“ да бидат поделени 336 милиони дози вакцини развиени од „Астра зенека“ и универзитетот „Оксфорд“. „Ковакс“ ќе ги покрие трошоците за 92 сиромашни земји, додека другите ќе ги добијат вакцините по пристапни цени.