Како инаку да се објаснат толкави богатства стекнати само по неколку години на државна или јавна функција, па дури и во некоја, на прв поглед, непрофитабилна државна или јавна служба, во земјата во која просечната плата никако да стигне ниту до 500 евра, а БДП по на жител изнесува околу пет илјади евра. Поновата историја на Македонија не памети некакви големи земјопоседници или фабриканти на оваа територија, така што навистина смешно звучат објаснувањата оти богатството им е наследено. Уште посмешни се тврдењата дека тоа го стекнале со бизнисите во изминативе години во земјава, која никако да забележи некаков значителен економски подем, така што сигналите на корупцијата, во сите нејзини форми, се присутни и препознатливи на секој чекор. А колку таа лесно се практикува се гледа веќе и од самиот однос кон на тој начин стекнатото богатство, кое, најчесто, воопшто и не се скрива. Напротив, крајно арогантно со него со парадира и до јавноста се испраќа сосема јасна порака дека овој систем им припаѓа на итрите и на грабежливите, дека тие се недопирливи и, конечно, дека и немаат намера нештата да ги менуваат. Освен, се разбира, перцепцијата
Можеби најстарата цивилизациска дилема за која научниците никогаш не успеаја да понудат општоприфатливо решение, а уште античките филозофи парадоксот со јајцето и кокошката го користеа за да го објаснат проблемот на утврдувањето на причините и последиците, деновиве во жарот на меѓупартиските препукувања во земјата на сонцето, како да трансмутирала во прашањето: што е постаро – перцепцијата или корупцијата. Во општиот делириум предизвикан од стравот од инфицирањето и заболувањето од коронавирусот, можеби вакцинацијата би била првиот одговор. Но политичките елити, овој пат вистина незаслужено, ќе останат поштедени од оваа тема и ќе потсетиме дека релевантните организации и институции, како домашните така и меѓународните, повторно, којзнае по кој пат, предупредија на високото ниво на корупција во земјава, а некои владини претставници и гласноговорници ги отфрлија тврдењата, објаснувајќи оти тоа е резултат на поинаква методологија и на погрешна перцепција на граѓаните. Истото она што и претставниците на повеќето претходни влади, од тогашните позиции, го повторуваа секојпат кога беа објавувани извештаите со неповолни наоди за Македонија.
Во меѓувреме, како опозиционери, сите се повикуваа токму на тие извештаи, обвинувајќи ги политичките противници што беа на власт дека тие се главни генератори на проблемите и занемарувајќи го фактот оти понешто од тоа, сепак, би можело да биде и резултат на наследството, поинаква методологија, па дури и на погрешна перцепција. И така во Македонија настана дилемата што е постаро: перцепцијата или корупцијата. Всушност, дилемата настана во партиските кујни. Народот во земјава уште од најстари времиња знае оти таму каде што има чад, има и оган, така што за корупцијата никој немаше ниту да дознае, да ја перципира, доколку таа и навистина не постоеше. А чуму, инаку, и толкави владини и невладини тела и органи, толкави стратегии, проекти и грантови, па дури и министер за борба против корупцијата? Или последниот, на пример, требало да биде наречен „министер за борба против перцепцијата на корупцијата“? Нешто слично на Орвеловото министерство за вистина.
Но дури ни тоа не може да ја смени тажната реалност во која доминира менталитетот на итроштината, во согласност со кој децата уште од најрана возраст се учат оти сосема е прифатливо да се мами на тестирањата, оти пожелно е да се подмитуваат учителките со не баш евтини подароци, оти нормално е цели родителски состаноци и одбори да се свикуваат за да ги поддржат однапред донесените одлуки на директорите за избор на најповолната фирма за организирање училишна екскурзија или за некаков градежен зафат во училиштето… Менталитет во кој ќерките на градоначалниците добиваат шпорети на општинските наградни игри, а ќерките на министрите – државни стипендии за студии во странство. Функционерските вујни и тетки, пак, добиваат сигурни засолништа во државната служба, а синовите, братучедите и кумовите – факултетски дипломи, тендери и концесии. Сето тоа, се разбира, можат да го добијат и „другите“, доколку се подготвени за противуслуга, која може да биде во различни форми, од добар ручек во некој скап ресторан, платен викенд или одмор во некое летувалиште, преку скапоцен накит или уметничко дело, до удел во некој бизнис или едноставно во пари.
Како инаку да се објаснат толкави богатства стекнати само по неколку години на државна или јавна функција, па дури и во некоја, на прв поглед, непрофитабилна државна или јавна служба, во земјата во која просечната плата никако да стигне ниту до 500 евра, а БДП по жител изнесува околу пет илјади евра. Поновата историја на Македонија не памети некакви големи земјопоседници или фабриканти на оваа територија, така што навистина смешно звучат објаснувањата оти богатството им е наследено. Уште посмешни се тврдењата дека тоа го стекнале со бизнисите во изминативе години во земјава, која никако да забележи некаков значителен економски подем, така што сигналите на корупцијата, во сите нејзини форми, се присутни и препознатливи на секој чекор.
Во општиот делириум предизвикан од стравот од инфицирањето и заболувањето од коронавирусот, можеби вакцинацијата би била првиот одговор. Но политичките елити, овој пат вистина незаслужено, ќе останат поштедени од оваа тема и ќе потсетиме дека релевантните организации и институции, како домашните така и меѓународните, повторно, којзнае по кој пат, предупредија на високото ниво на корупција во земјава, а некои владини претставници и гласноговорници ги отфрлија тврдењата, објаснувајќи оти тоа е резултат на поинаква методологија и на погрешна перцепција на граѓаните. Истото она што и претставниците на повеќето претходни влади, од тогашните позиции, го повторуваа секојпат кога беа објавувани извештаите со неповолни наоди за Македонија
А колку таа лесно се практикува се гледа веќе и од самиот однос кон на тој начин стекнатото богатство, кое, најчесто, воопшто и не се скрива. Напротив, крајно арогантно со него со парадира и до јавноста се испраќа сосема јасна порака дека овој систем им припаѓа на итрите и на грабежливите, дека тие се недопирливи и, конечно, дека и немаат намера да ги менуваат нештата. Освен, се разбира, перцепцијата. И тоа не со решителна борба за спречување на корупцијата, туку со нејзино негирање на начин на кој зависниците од опијати, на пример, ја негираат својата зависност или на кој лесните дами се колнат во својата невиност. Нивниот мотив за промена на перцепцијата, пак, не се ниту огромната материјална штета што ја трпи државата ниту лошиот психолошки ефект што таа го има врз граѓаните, туку заштитата на сопствениот рејтинг и желбата упорно да опстојуваат на позициите што и понатаму им овозможуваат сигурни приливи.
Очекувањата дека со некоја нова генерација би можело да се смени нешто битно во однос на корупцијата се покажаа како нереални. Состојбата во образованието, здравството, правосудството, стопанството… сосема верно го илустрира тоа. Дегенеративните процеси во сите овие области и во целиот државен организам станаа толку бројни и интензивни што, како канцер, само ја потхрануваат корупцијата. И да, не е тоа постигнување само на актуелната власт. За тоа речиси еднакво се заслужни и сите досегашни властодршци, а најмногу повеќе или помалку видливите структури што ги поддржуваа и сѐ уште ги поддржуваат. И само кога сите тие ќе се согласат дека корупцијата постои и дека, дури и кога за некои од нив е добра, таа е крајно штетна за целиот систем, поради што треба бескомпромисно и неселективно да се сузбива, ќе почне да се менува и перцепцијата.