Досега во Србија против коронавирус се вакцинирани 473.087 лица. Со ова Србија е втора во Европа според бројот на вакцинации на милион жители.
Само Велика Британија е пред Србија, по што следуваат Малта, Исланд, Данска, Ирска, Словенија, Романија, Литванија и Португалија.
Кога станува збор за регионот, Србија е убедливо прва по бројот на вакцинирани луѓе на милион жители. Следуваат Словенија, Романија, Унгарија, Хрватска и Бугарија.
Србија во моментов користи три вакцини – на „Фајзер“ и „Бионтек“, руската „спутник 5“ и кинеската „синофарм“.