Делови од Европа и Азија деновиве се соочуваат со невообичаен високи температури, а во голем број земји издадени се предупредувања поради горештините.
Во Португалија горештините се предизвикани од топлотниот бран од Сахара, а за претстојниот викенд најавена е температура од 47 степени Целзусови.
Предупредување на опасност од високи температури издадено е и во Шпанија, а под висок ризик од топлотниот бран се 40 од 50 шпански провинции.
Во Полска електроцентралите работат под посебен режим поради зголеменото користење на вентилатори и клима уреди, а во Варшава граѓаните се советувани да не ги напуштаат домовите ако не мораат.
Австрија поради подолгиот период на суша има проблем во снабдувањето со вода за пиење, поради што почна да увезува вода.
Во источниот дел на Франција е прогласен портокалов аларм поради високите температури. Според метеоролозите земјата го преживува најжешкото лето од 2006 година.
Во 18 италијански градови денеска е објавен црвен аларм бидејќи се очекува температурата на воздухот да се искачи до 40 степени Целзиусови. Предупредување се издадени за Рим, Милано, Џенова, Верона, Венеција и други градови.
Од вчера на целиот брег на Јадранско Море е прогласен црвен аларм поради високите температури на воздухот, додека во подрачјето на Загреб – портокалов, а во регионот на Осијек е прогласен жолт аларм.
Невообичаено високи температури забележани се и на азискиот континент.
Северна Кореја денска повика на „сеопфатна битка“ против рекордно високите температурио кои се искачија до 40 степен.
Во Јужна Кореја исто така се забележани рекордни горештини, над 39 степени, што можеби се највисоки во последните 110 години, а починаа 29 лица, додека 2.350 се повредени.
Во јули и Јапонија беше погодена од топлотен бран, кој усмрти 116 луѓе.