Вечерва со почеток во 20.30 часот во Домот на културата „Иван Мазов Климе“ двајца реномирани музичари со потекло од Кавадарци, Страшо Темков – флејта и Миле Каровски – класична гитара, ќе одржат заеднички концерт во чест на националниот македонски празник Илинден.
Овие двајца музичари чиј заеднички именител е родниот град во изминатава година имаат реализирано повеќе концерти во Македонија и надвор од државата. Нивниот последен концерт се одржа во Ниш, Република Србија и тоа на Факултетот за музичка уметност каде нивниот настап беше проследен со овации. За вечерашниот концерт е одбрана емотивна програма наменета за романтични души открива Темов како и традиционални македонски теми во чест на големиот македонски празник. Ќе бидат изведени дела од Иберт, Ди Марино, Пијацола, Барток и „Македонска рапсодија“ за соло гитара од Јовичиќ и „Јовано Јованке“ во аранжман на Алмер Имамовиќ.
Страшо Темков е еден од најуспешните македонски музички уметници од својата
генерација. Од 1991 до 2010 година во Македонската филхармонија неговата флејта станува своевиден „препознатлив знак“ на оваа иституција. Талентот и желбата за уметничко реализирање го водат на концертните подиуми, како солист со повеќе оркестри. Досега има реализирано бројни концерти во сите балкански држави, во Италија, франција, Англија, Виетнам, а се вбројува и во малкуте македонски уметници кои настапиле во една од најпрестижни светски концертни сали Карнеги хол во Њујорк. Темков е професор на Факултетот за музичка уметност – Скопје, ментор на студенти на дипломските и магистерските студии забележувајќи одлични резултати во неговата педагошка дејност. Минатата година е добитник на престижната награда „Златна лира“ што ја доделува Здружението на музичките уметници на Македонија за врвни уметнички достигнувања. За Миле Каровски вели дека имаат заеднички јазик во музичкото изразување и одлична хармонија во музицирањето.
Миле Каровски кој од 2015 година работи како вонреден професор на Факултетот за
музичк ауметност во Скопје досег аима реализирано повеќе од 80 самостојни концерт во Македонија и надвор, има учествувано на околу 100 настани како гостин под различни организации и активно учествува во концертниот живот во Југоистоќна Европа. Како исклучително талентиран гитарист дипломира на „Новиот бугарски универзитет “ во Софија- специјалност класична гитара во класата на професорот Димитар Дојчинов. На сите меѓународни натпревари во Бугарија освојува прва награда а во 2008 година му е доделена наградата „Амблемот на Новиот Бугарски универзитет“ како студент со исклучително високи постигнувања, признание кое го имаат добиено само пет од вкупно 10 000 студенти. Своето музичко образование го усовршува на повеќе мајсторски класови кај познати педагози и изведувачи како што се: Никита Кошкин – Русија, Џереми Џоу – Франција, Един Карамазов – Хрватска, Марта Мастерс – САД, Фабио Занон – Бразил и Паоло Пегораро – Италија. Во 1915 година го издава својот втор соло дигитален аудио запис преработувајќи рок песни за класична гитара кој оствари голем успех. Ми.М.