Министерот за здравство Венко Филипче најави дека рестораните и кафулињата од 21 јануари повторно ќе работат до 21 часот, истакнувајќи дека епидемиолошката слика во Македонија е стабилна, со што се овозможува враќање на работното време на угостителските објекти.
– Сигурно е дека угостителските објекти ќе работат до 21 часот од 21 јануари. Мерките воведени пред Нова година дадоа резултат. Имаме стабилна состојбна – кажа Филипче по посетата на Институтот за судска медицина, додавајќи дека ќе се разгледува можноста угостителите да работат и до 23 часот.
Забраната за работа на угостителите по 18 часот стапи на сила на 18 декември минатата година, во рамки на превентивните мерки донесени од страна на Владата пред новогодишните празници, чија цел беше спречување на групирањата и прославите.