Изборот на членови на Државната изборна комисија (ДИК) е една од точките на дневниот ред на пленарната собраниска седница закажана за денес.
Седницата беше закажана од страна на претседателот на Сорабнието Талат Џафери откако Комисијата за прашања за избори и именувања ја утврди листата од 14 кандидати.
Партиите не соопштија официјално за кого ќе ја дадат својата поддршка откако им беше испратена листата за да се изјаснат. Единствено ВМРО-ДПМНЕ ја истакна поддршката за кандидатурата на Александар Даштевски за иден претседател на ДИК.
Досегашните членови на ДИК бараат нов мандат, на списокот го нема само Деркоски
Извесно е дека партиите тоа ќе го направат денеска претпладне. Пред пленарната ќе се одржи седница на Комисијата на која се очекува да бидат соопштени имињата кои ќе ги поддржат партии за нови членови на ДИК.
Од партиите досега официјално не соопштија кого од 14-те кандидати ќе поддржат. Единствено е познато дека ВМРО-ДПМНЕ својата поддршка ја дава за Александар Даштевски за иден претседател на ДИК.
Мандатот на актуелниот состав на ДИК истекува на 15 јануари.
На дневен ред на пленарната седница е и избор на членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.