Сер Елтон Џон беше тема на еден од најдобрите филмови во 2019 година, кога Тарон Егертон го глумеше во биографскиот филм „Рокетмен“, а сега е потврдено дека 73-годишната музичка легенда ќе им овозможи на обожавателите уште подлабок увид во неговиот живот со нов документарен филм.
Документарецот „Столбовите на Херкулес“, насловен по средното име на Елтон, Херкулес, ќе вклучува многу од деловите што изостанаа во филмот биографија.
Весникот „Сан“ во колумната „Бизарно“ пишува дека документарецот ќе опфати настани од 1970-тите години, вклучувајќи досега невидени снимки зад сцената на кои покрај Елтон се појавува и покојната легенда на „Битлси“, Џон Ленон.
Долгогодишниот гитарист на Елтон, Дејви Џонстон, работи на документарецот со години и сега се надева дека ќе склучи договор со „Нетфликс“.