Од Центарот за јавно здравје Прилеп информираат дека изминатата седмица, во периодот од 28 декември 2020 до 3 јануари 2021 година, во општина Прилеп имало 115 нови случаи на ковид-19.
Од последици на коронавирусот починале 4 лица.
Бројот на активни случаи изнесува 462, а на болничко лекување се наоѓаат 70 пациенти.
Вкупниот број на заразени од ковид-19 изнесува 4.261.
Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 214 лицa.
Ка.М.