И покрај тоа што во Битола последните денови драстично се намали бројот на позитивните на ковид-19, работите на изградбата на модуларната ковид болница интензивно се одвиваат.
Откако доцна синоќа во Клиничката болница со неколку товарни возила пристигнаа првите контењери за Модуларната ковид болница, денеска изутрина почна нивното монтирање на првото плато.
На тој начин почнаа завршните работи за изградба на Модуларната ковид болница, која е лоцирана спроти Инфективното одделение на Клиничката болница.
Се очекува во наредните денови да бидат монтирани сите контејнери и на останатите други две други платоа.
Новата Модуларна ковид болница се состои од центар со стационар и една модуларна градба за независен тријажен центар.
Модуларните градби се монтажно -демонтажни со површина од 1.000 м2.
Модуларните градби имаат капацитет за лекување од 90 легла.
Инаку во изградбата на Модуларната ковид болница значајни средства издвои локалната самоуправа на Битола, јавните претпријатија АД ЕСМ, кој за нејзнината изградба донираше околу 2.500.000 денари.
М.М.