Во текот на последните 24 часа во Србија се регистрирани 1.966 случаи на коронавирус, а починаа 37 лица. Направени се 7.573 тестови.
Хоспитализирани се 7.631 лице, што е за 380 лица помалку од вчера.
Вкупно 343.870 случаи на коронавирус се регистрирани во Србија од почетокот на епидемијата, а починале 3.325 лица.
Епидемиологот, Предраг Кон, рече дека Србија ќе обезбеди сѐ што е потребно за масовна имунизација.
– Излезот од оваа здравствена криза е јасен, брзината на излезот зависи од нас – рече д-р Кон.