Новите вакцини за ковид-19 го обликуваат начинот на кој патниците наскоро ќе патуваат. „Сингапур ерлајнс“ објави дека ќе биде првиот поголем авиопревозник што ќе започне проби на дигитална проверка за ковид-19, процес што ќе помогне да се поедностави и поврди постапката за споделување за статусот на вакцинација и тестирање, пренесува „Форбс“.
Многу авиопревозници и дестинации бараат патниците да имаат негативен тест на ковид-19 пред да стигнат до аеродромот или да се качат во авион. Процесот на примање на резултатите од тестот и споделување на резултатите со превозникот, сепак, честопати е дискутабилен и тешко е да се контролира. Различни места за тестирање даваат документи со различни степени на валидност, додека валидацијата на резултатите останува да ја врши аеродромскиот персонал. Недостатокот на единствен систем и структура завршува бирократски и остава простор бескрупулозните странки да ги фалсификуваат резултатите од тестовите или резултатите од вакцинирањето.
Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт или „ИАТА“, исто така, започна поширока иницијатива. Во ноември започна со „ТПИ“ – новата иницијатива за дигитална платформа за патници, која ќе ги содржи местата за тестирање за авиокомпаниите да ги снимаат и споделуваат тестовите и барањата за вакцини, со еваулирање според новиот процес на верификација.
„Сингапур ерлајнс“ е првиот авиопревозник кој ги прилагоди тие стандарди и распореди нов процес за верификација на клиенти врз основа на рамката „ИАТА ТПИ“. Користејќи го новиот стандард, на оние кои ќе имаат негативен тест или вакцина ќе им се даде или дигитален или хартиен „ кју-ар код“ кој ќе го носи на аеродром. Таму, вработените можат да го скенираат тој кју-ар код и да ја потврдат легитимноста на податоците преку базата на податоци во позадина која е управувана од „ИАТА“.