Луѓето што вадат сулфур од вулканот Иџен во Индонезија, собирачите на јаглен во Индија, работниците кои бараат скапоцени камења во рудниците во Пакистан, собирачите на песок во Камерун, како и рударите во Боливија и во Буркина Фасо, според многумина, се занимаваат со најтешките светски професии, кои истовремено се опасни и напорни.