По откажувањето на нивната венчавка во Италија, во јуни, Џенифер Лопез размислува да не стапи во брак со поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез, со објаснување дека „и двајцата претходно биле во брак“, пренесува „Дејли мејл“.
Лопез разговараше за тоа во понеделникот во радио емисијата „Радио Енди“ на Енди Коен, кој ја спомнал врската на Курт Расел (69) и Голди Хоун (75), кои се заедно од 1983 година, но никогаш не стапиле во брак.
На тоа Лопез одговорила „О да, разговаравме за тоа. Мислам на наша возраст, и двајцата сме биле во брак порано… тоа е како, дали да се венчаме? Нели, што тоа значи за нас? Едноставно, се сведува на личен избор, што сакаш да направиш?“.
Лопез сепак ги расветли нивните тајни планови за венчавката што требаше да се случи.
– Сепак, дефинитивно нема брзање. Беше навистина тажно затоа што требаше да се венчаме во јуни и сето тоа го испланиравме. Значи во март или април, но венчавката можеби нема да се случи – кажа Лопез.
Таа и Родригез се заедно од февруари 2017 година, а свршувачката ја објавија минатиот март.