Блаже Конески е нашиот кодификатор, национална посебност. Јазикот е
стандардизиран, признат, впишан во картата на ОН. Никој не може и не смее да
го спори, изјави во Прилеп премиерот Зоран Заев по посетата на родната куќа на Блаже Конески во с. Небрегово по повод 99 години од неговото раѓање.

Заев истакна дека очекува преговарачка рамка каде ќе биде напишано
макеодонски јазик.

– Точка. Никако поинаку, затоа што тоа е европска вредност. Како што
ние овде ги штитиме европските јазици, ги учиме, употребуваме, така
очекуваме ЕУ да го штити нашиот македонски јазик и идентитет. Само така
можеме да придонесеме во јакнење на европскиот идентитет – истакна Заев,
одговарајќи на прашањето на „Нова Македонија“ дека ќе има нови четири
лекторати, а постоечките културни центри ќе се зајакнуваат.

Според него, со отворањето на дебатата за македонскиот јазик се
афирмирал македонскиот јазик, а 2021 година била година на Блаже Конески.

– 2021 година ја посветуваме на Блаже Конески заедно со УНЕСКО. Сите
институции, Министерството за култура ќе се вклучат за достоинствено
одбележување на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески – рече
премиерот Заев.

Ка.М.