РАКОМЕТ

Пандемијата на коронавирусот продолжува да ги одложува натпреварите на ракометните терени низ Европа. По трите минатонеделни одложени натпревари во Лигата на шампионите (ЛШ), за денешните мечеви од 10-то коло од групната фаза, Европската ракометна федерација (ЕХФ) беше принудена да одложи пет од вкупно осумте меча што требаше да се играат во групите А и Б. Освен мечевите Вардар – ПСЖ и Киелце – Порто, ЕХФ ги одложи и дуелите Барселона – Веспрем, Целје – Загреб и Кил – Алборг. Досега сезонава ЕХФ одложи 22 дуела во ЛШ и 21 меч во новоформираната Лига на Европа во машка конкуренција, кај девојките се одложени 15 натпревари од ЛШ, а мечевите од Лигата на Европа целосно се одложени за почетокот на јануари.