Семејството Трамп се подготвува да ја напушти Белата куќа на 20 јануари и да се пресели на нивниот приватен имот Мар-а-Лаго во Палм Бич на Флорида, објави магазинот „Пипл“.
Доналд и Меланија Трамп уште минатата година го пријавиле Мар-а-Лаго како место на постојано живеалиште, откако претходно престојуваа во Њујорк пред влезот во Белата куќа.
Доналд Трамп го купил овој имот во осумдесеттите години на минатиот век. Имотот кој има 186 метри квадратни е веќе реновиран и проширен по мерка на потребите на семејството Трамп.
Според извор близок на семејството, Меланија веќе почнала да бара училиште на Флорида за нивниот син Барон.