Љубљана – Во Словенија во пoследните 24 часа се регистрирани 1.292 нови случаи на коронавирус, а 55 лица починале. Бројот на новоинфицирани е нешто помал од пред една недела, процентот на позитивни во споредба со испитаните е 22 проценти. (СТА)

Софија – Во Бугарија е забележан рекорден број од 221 смртен случај како последица од компликации предизвикани од коронавирусот, додека се заразени уште 2.814 лица. Меѓу починатите лица десет се во возрасните групи од 29 до 49 години и претежно се жени. Најмладата жртва од почетокот на епидемијата е 12-годишно девојченце со хронично белодробно заболување. („Локално“)

Загреб – Патниците што доаѓаат од зелените зони на ЕУ не мора да имаат ПЦР-тест ниту некој друг услов за да влезат во Хрватска. На сите други им треба негативен ПЦР-тест што не е постар од 48 часа, или се тестираат при пристигнувањето во Хрватска и чекаат во изолација до резултатот од тестот. Пограничните здравствени работници, ученици, студенти и практиканти што патуваат секој ден не мора да имаат негативен ПЦР-тест, под услов да не престојуваат во Хрватска повеќе од 12 часа. („Јутарњи“)


Бисер балкански

Казни за приватни забави

Полицијата во Хрватска добива овластувања да го контролира собирањето во приватните станови, а доколку затекне на забавата повеќе од десет лица, ќе биде изречена казна од 150 евра.
Во иднина за неносењето маска ќе се казнува од 50 до 150 евра, како и за преминување на бројот на купувачи во продавниците. Строгите мерки во Хрватска се носат по критиките на епидемиолозите дека се доцни со ограничувањето на движењето на граѓаните. Хрватска деновиве бележи голем број новозаболени лица и починати како последица од ковид-19. Завчера бројот на починати изнесуваше 74.