Од изјавите на Заев дознаваме дека, сепак, имало преговори со соседна Бугарија, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во статус објавен на социјалните мрежи.
– Дали трговецот премиер во заминување Заев на овој начин ја продава Македонија и за какви интереси? Зошто оваа средба се држи далеку од очите на јавноста? Зошто Заев преку портпаролот лажеше дека нема средби кога сепак сам потврди дека имало? – прашува Мицкоски.
Тој го повика народот да излезе на протестите најавени за денеска, а на кои опозицијата бара оставка од премиерот Заев.