Неколку пратеници на косовското собрание се степаа при крајот на седницата на која се разговарало за исчезнатите лица.
Прво, настанал вербален конфликт, за да прерасне во физички.
Ситуацијата станала напната непосредно пред крајот на сесијата, додека членот на Самоопределување, Сара Богујевци, која била иницијатор на седницата, се обрати на говорницата, пренесува „Косово онлајн“.
Според наводите на социјалните мрежи, иницијатори на конфликтот биле пратениците на Демократската лига на Косово на Иса Мустафа.
Заменик претседателот на Собранието, Арбери Нагавци неколку пати ги предупредувал пратениците да седнат за да продолжи седницата, сепак тие продолжиле со расправање, што преминало во физичка пресметка.
После тоа, пратениците заминале на пауза.