Фото: Маја Јаневска-Илиева

Првиот собир е утре, а официјалниот почеток на подготовките е со утринскиот тренинг в понеделник

РАКОМЕТ

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација Данило Брестовац го скрати списокот од 35 на 19 ракометари на кои ќе смета за претстојните подготовки за двата квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство во 2022 година, со Финска и со Швајцарија.
На списокот на Брестовац има осум интернационалци и 11 ракометари од екипи од домашното првенство. Собирот на репрезентацијата е закажан за утре, во Скопје, а официјалниот почеток на подготовките е со утринскиот тренинг в понеделник.
Првиот квалификациски натпревар македонските репрезентативци треба да го играат на домашен терен, в среда, против Финска, а на 7 ноември е дуелот на гости кај Швајцарија. Дел од квалификациската група 7 е и селекцијата на Данска. Пласман на Европското првенство во 2022 година, кое треба да се игра во Унгарија и во Словачка, обезбедуваат двете најдобропласирани селекции од секоја група и четирите најдобри меѓу третопласираните репрезентации во групите.


СОСТАВ

ГОЛМАНИ: Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ
КРИЛА: Дејан Манасков, Бојан Маџовски, Ненад Костески, Мартин Попоски
ПИКЕРИ: Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Жарко Пешевски БЕКОВИ: Кирил Лазаров, Филип Талески, Филип Кузмановски, Марио Танкоски, Марко Мишевски, Мартин Велковски, Мартин Серафимов, Милорад Куковски, Дарко Георгиевски