Автомобилската компанија „Волво Карс“ го сели производството на моделот ХС60 СУВ наменет за американскиот пазар од Кина во Европа, за да ги избегне новите американски царини на кинескиот увоз, порачуваат од оваа компанија.
Волво, кој е во сопственост на кинеската компанија Гили, во моментот го произведува компактниот ХС60 во Шведска за европскиот пазар и во Кина за другите пазари, вклучително и САД.
– Ние, секако, ќе се реконструираме тука и ќе ги испорачуваме ХС60 возилата за САД од нашата фабрика во Европа, а во Кина ќе се произведува за другите пазари – рече денеска главниот извршен директор Хакан Самуелсон за Ројтерс, додавајќи дека таа промена е во тек.
Кинеското производство на ХС60 возилата, претходно насочени за САД, сега ќе биде пренасочено на другите пазари, а нешто ќе се увезе и назад во Европа.