Макс Егерт, автор на книгата „Брилијантен говор на телото: Оставете впечаток, убедете и бидете успешни со помош на говорот на телото“, составил список со сигнали што луѓето ги покажуваат со движењето на своето тело за кои верува дека можат да ни помогнат подобро да ги разбереме оние со кои разговараме. Еве ги тајните што ги открива телото.
– Раце поставени „во пирамида“: лицето е блиску до решението што го бара.
– Несвесно имитирање на нечии движења: желба да се биде поблизок со тоа лице.
– Раце под градите, допирање на чантата, накитот, јаките…: несигурност.
– Рака преку градите, држење на другата рака: несигурност.
– Отворени раце и дланки: отвореност, искреност.
– Рацете прекрстени преку градите: одбивање на нешто или некого. Изразување негативни емоции.
– Длабоки вдишувања: релаксација, смиреност.
– Галење на брадата: донесување одлуки, процена.
– Допирање на лицето (усните, очите, ушите и вратот): обид да се скријат вистината и нервозата.
– Насоката кон која се свртени нозете покажува каде е насочено интересирањето. (На пример, нозе свртени кон врата покажуваат дека тоа лице сака да ја напушти просторијата, а ако се свртени кон некое лице, се покажува заинтересираност за тоа лице).
– Раце што се „одмораат “ на глава: заинтересирана процена.
– Чија рака е на врвот при ракување, тој сака да доминира.
– Допирање туѓо рамо или лакт при ракување: искажување интимност.
– Испружени раце со дланките нагоре: знак за подреденост.
– Испружени раце со дланките надолу: обид другото лице да се стави „под притисок“.
– Дланка што ја придржува брадата, со лактот на масата: обично ова им се советува на жените доколку сакаат да бидат поатрактивни, или доколку сакаат да го привлечат вниманието на некој маж.
– Држење на раката зад грбот: самодоверба, авторитет.
– Рацете во џебовите: или обид да се изгледа самоуверено, или го покажува предизвикот „убеди ме“, или е знак за повлекување.
– Испреплетени прсти: самодоверба, релаксација, потпирање на сопствената сила.
– Потпирање напред на рацете: искажување доминантност во користењето на просторот.