Владата денеска ги именува Сашо Тасевски за директор на Бирото за јавна безбедност при МВР и Пеце Мирчески за директор на Службата за општи и заеднички работи во Владата на Република Македонија, а Висара Риза е разрешена од должноста в.д. директор на Агенцијата за лекови и медицински средства и на таа позиција е именуван Лирим Шабани.
На денешната седница Владата го донесе решението за измена и дополнување на решението за именување претседател, генерален секретар и членови на Националната комисија за УНЕСКО на Република Македонија, при што за претседателка на Комисијата е назначена министерката за култура, проф. д-р Ирена Стефоска.