Крушево моментно е единствениот град во Македонија во кој не се бележи ниту еден активен случај на коронавирус.
Од почетокот на пандемијата во Крушево од коронавирус се заразиле 20 лица, но тие веќе се водат во евиденцијата на излекувани или починати.
Бројот на активни случаи во земјата до денеска изнесува 5.550 лица.
По Крушево, најмалку заразени од коронавирус има во Демир Хисар и во Македонски Брод – по 4 активни по што следуваат Пехчево и Кратово со по 7 активни случаи.
На врвот е Скопје со 2.674 активни случаи, а зад него се Струмица (358), Тетово (288), Прилеп (226), Куманово (225). Над 100 заразени има во Кочани (195), Штип (159), Битола (151), Гевгелија (141), Делчево (116), Гостивар (104).
Во Скопје и денес најмногу активни случаи има во Аеродром (534), Карпош (446) и Центар (445). Зад нив е Кисела Вода со 320 активни, Гази Баба (280), Ѓорче Петров (216), Чаир (115), Бутел (111). Другите скопски општини имаат помалку од 100 активни случаи.
Денеска, починаа 12 лица, со што бројот на починати од почетокот на пандемијата се искачи на 846 лица. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23.788, бројката на оздравени пациенти е 17.392.