Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски одржа работна средба со амбасадорката на Швајцарската конфедерација Н.Е. Сибил Сутер Тејада.
На средбата беа потврдени пријателските односи и довербата помеѓу двете држави, како и поддршката од Швајцарската конфедерација во изминатиов период, во голем број области од взаемен интерес.
Двајцата соговорници разговараа за тековните проекти кои се дел од соработката од областа на безбедноста, како и за можностите за продлабочување на меѓусебната соработка, особено во полето на борбата против нелегалната миграција, преку потпишување билатерален Договор за партнерство.