Пратеникот Лазе Таневски од СДСМ преку Фејсбук соопшти дека е заразен со коронавирус. Од собраниската прес-служба денеска информираа дека заразен со вирусот е и пратеникот од ДУИ Исмаил Јахоски.
– Почитувани пријатели, сакам да ве информирам дека поради приватно неодложно патување, самоицијативно направив тестирање на ковид-19. За жал, и покрај почитувањето на сите мерки и протоколи од моја страна, истиот е позитивен.
Воедно сакам да ве известам дека членовите од моето семејство се тестираа и сите се негативни. Јас се чувствувам добро и немам никакви симптоми. Мерката за изолација ќе ја испочитувам како и сите други граѓани на нашата земја. Со сето ова кажано чувствувам голема одговорност уште еднаш да упатам апел до сите и да ја нагласам сериозноста на вирусот и можноста за зараза со молба да бидете максимално внимателни. Со желба за побрзо оздравување и позитивни мисли Ве поздравувам.
Се гледаме наскоро – напиша Таневски на Фејсбук.
Почитувани пријатели,Сакам да ве информирам дека поради приватно неодложно патување, самоицијативно направив тестирање…
Posted by Laze Tanevski on Сабота, 10 октомври 2020