Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира денеска во Белата куќа да го организира својот прв настан откако му беше дијагностициран коронавирус. Тоа е нешто помалку од една недела откако тој беше во болница поради вирусот, изјави официјален претставник на Белата куќа за Си-ен-би-си.
Трамп ќе им се обрати на насобраните во 14 часот од балконот на Белата куќа.
Во продолжение на кампањата за изборите што ќе се одржат во ноември, Трамп во понеделник ќе замине на Флорида, каде ќе го одржи првиот митинг откако пред 19 дена му беше дијагностициран ковид-19.
Претходно беше соопштено дека Трамп е подготвен повторно да се вклучи во предизборната кампања. Тој помина три дена во болница.
Лекарот на Трамп, Шон Конли, вчера изјави дека верува дека Трамп ќе може безбедно да се врати на јавните должности веќе во сабота, односно од денеска.