Министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа, одржа повеќе конструктивни состаноци со лозарите по што Владата донесе сет мерки со кои ќе се поддржи лозарството како многу значаен сектор.
– Една од мерките е дополнителната од 2 денара за килограм. Оваа мерка е од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година, која Министерството за земјоделство ја изготви и таа е веќе излезена во ‘Службен весник на РСМ’ – информираат од Министерството.
Од таму објаснуваат дека корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства, кои се корисници на подмерката за одржување лозов насад од Програмата за финансиска поддршка и оствареното производство од сортите: „смедеревка“, „вранец“, „бургундец црн“, „станушина“, „кратошија“, „жилавка“, „кадарка“ од реколтата 2020 година да е предадено во регистрирани капацитети за производство на вино во земјата.
Дополнително, ќе бидат донесени и сет мерки, кои ќе бидат од ковид-програмата и нивната реализација ќе биде до крајот на 2020 година.