Најмалку 6 лица починаа, а над 1.500 се хоспитализирани во Јапонија денес поради силните горештини, кои ја зафатија речиси целата територија на земјата по невидените поројни дождови и поплави пред неколку дена.
Поради топлотниот удар во болниците се примени 1536 лица. Температурите во текот на денот се над 30 степени Целзиусови, а во исто време се задржува и високата влажност. Во некои области термометрите забележаа 39 степени.
Минатата година поради жештини во земјата починаа 44 лица.