Рускиот опозиционер Алексеј Навални вчера излезе од болницата „Шарите“ во Берлин.
– Алексеј Навални вчера е отпуштен од интензивна нега. Навални се лекуваше 32 дена, од кои 24 на интензивна нега. Врз основа на прогресот и сегашната состојба на пациентот веруваме дека е можно целосно закрепнување – објавија од клиниката на Твитер.
Од таму додаваат дека неговото здравје е подобрено, но дека последиците од труењето сè уште не можат да се проценат.
Навални се лекуваше откако му се слошило во авион во Сибир и бил пренесен во болница во Омск. На инсистирање на негов соработник, тој бил пренесен во германската болница, а според тамошните анализи, Навални бил отруен со нервен агенс „новичок“.
Навални важи за жесток критичар на рускиот претседател Владимир Путин.