Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја стресе областа околу 50 километри југоисточно од градот Кокимбо во Чиле.
Ова денеска го соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 25 километри, објави Ројтерс.
Пред пет дена два силни земјотреси во рок од половина час го погодија пацифичкиот брег на Чиле.
Чилеанскиот брег лежи на пацифичкиот „огнен прстен“, кој се карактеризира со голема стапка на сеизмичка активност.