Ново истражување од „Оксфорд“ говори за тоа дека медот би можел да биде поделотворен од вообичаените лекови што се користат за ублажување на симптомите на настинка и грип, пишува Си-ен-ен.
Медот може да биде посигурна, поевтина и подостапна алтернатива за антибиотиците, објаснуваат истражувачите од Универзитетот во Оксфорд.
Тие ги поттикнале лекарите да ја разгледаат опцијата за препорачување мед наместо антибиотици, бидејќи тие може да предизвикаат несакани ефекти и да доведат до резистенција на антибиотици ако се користат прекумерно. Медот многу долго се користи како лек против кашлица, но неговата ефикасност во лекувањето на вообичаените болести сѐ уште не е доволно истражена.
Едно од испитувањата,спроведено во Велика Британија, покажа дека медот има подобар ефект на ублажувањето на ноќната кашлица. Во ова истражување учествувале 139 деца. Направени се 14 истражувања, а во 9 учествувале деца.
Научниците во резултатите навеле дека медот има моќ на убивање на бактериите, наведувајќи во заклучокот дека во наредниот период ќе се посветат на натамошно истражување на ефектите што медот ги има врз здравјето на луѓето.