Бугарија
Демонстрантите, предводени од граѓанско движење „Боец“ и Георги Георгиев, утринава ја блокираа зградата на Бугарската национална телевизија. Акцијата е четврта од серијата „изненадувачки блокади“, пренесе БГНЕС.
Завчера, на 43-от ден од антивладините протести во Бугарија, демонстрантите го блокираа влезот во зградата на Комисијата за борба против корупција и незаконски стекнат имот на околу еден час, пренесе БТА. Демонстрантите, преведени од активистот Георги Георгиев, побараа средба со директорот на Комисијата за борба против корупцијата и незаконски стекнатиот имот, Сотир Кацаров, и побараа од него да даде оставка.
Комисијата за борба против корупцијата и незаконски стекнатиот имот соопшти дека блокадата на зградата е спротивна на законот и дека Чакаров одбил да се сретне со Георгиев.
Во врска со политичките тензии во Бугарија се огласи и поранешниот бугарски министер за одбрана и за надворешни работи Николај Младенов, кој рече дека „на Бугарија навистина ѝ треба нов устав“.
– Во сегашниот има многу компромиси. Но, исто така, има потреба од многу сериозна уставна дебата, која треба да се одвива во мирна околина во која ќе се слушнат сите мислења. Во моментов, дебатата е хистерична – изјави Младенов за Нова телевизија.
Според него, на Бугарија ѝ треба рестартирање, но рестартирање засновано на мирен дијалог.