фото: Зоран Антоски

Попладнево од 18 часот и во Кичево беше организиран граѓански протест на кој граѓаните побараа цената на струјата да не оди нагоре во време на коронакриза, кога сите во земјава се соочуваат со проблеми од финансиски аспект, ненавремена исплата на плати и несигурност што ќе донесе утрешнината.

Протестот во Кичево го сочинуваа околу 150 -200 граѓани од сите возрасти и од повеќе националности, без да му се даде политичка боја на истиот.

Инаку протестот помина со целосно почитување на протоколите за заштита од ковид-19, од прописно растојание помеѓу учесниците, до задолжително носење на заштитни маски на сите учесници на протестот.
З.А.