Јапонскиот технолошки гигант „Тошиба“ го продаде последниот удел во својата филијала за производство на лаптопи и компјутери „Динабук“, што значи дека веќе нема да ги произведува.
Компанијата „Шарп“ во 2018 година купи 80 отсто од филијалата на Тошиба за 36 милиони долари и сега го презеде и преостанатиот удел.
Првиот лаптоп на Тошиба произведен во 1985 година беше „T1100“ и тежел четири килограми. Работел со „флопи“ диск.
„Тошиба“ продаде повеќе од 17 милиони компјутери во 2011 година, но продажбата падна на 1,9 милиони до 2017 година. Во текот на 2016 година, „Тошиба“ веќе не произведуваше лаптопи за европскиот пазар и вниманието беше насочено кон делови за компаниите.