Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди за огромниот јаз меѓу средствата потребни за борба против пандемијата на коронавирусот и средствата што, всушност, се користат за таа намена.
Повеќе од 19,92 милиони луѓе во светот се заразиле од коронавирусот, а 729.883 починале, пренесува „Ројтерс“. Болеста е потврдена во повеќе од 210 земји и територии по појавувањето во Кина во декември 2019 година.
– Само за вакцините се потребни повеќе од 100 милијарди американски долари“, рече генералниот директор на СЗО – Тедрос Аданом Гебрејесус, пред новинарите во Женева.
Говорејќи за меѓународна иницијатива за обезбедување подобар пристап до здравствената заштита, Гебрејесус рече дека следните три недели се клучни и ја истакна потребата за зголемување на финансирањето. Но, тој верува дека има надеж.
– Никогаш не е доцна да се смени текот на пандемијата – рече тој