Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност во координација со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 3 август во времето од 7 часот наутро до полноќ спроведе акциска контрола за откривање на возачи на мотори кои организираат и учествуваат во „диви трки“ на подрачјето на Скопје.
Притоа одземени се четири мотоцикли кои ќе бидат упатени на вонреден технички преглед заради контрола на техничката исправност и фреквенција на бучавост, соопшти полицијата.