Во преполно родилиште во главниот град на Зимбабве, Хараре, во една ноќ починаа седум бебиња зошто има недостиг на персонал, до што дошло поради пандемијата на коронавирус.
Двајца лекари, кои сакале да останат анонимни, ја потврдиле информацијата за Би-би-си. Тие рекле дека бебињата родени со царски рез, починале при породувањето, бидејќи немало доволно персонал. Ја опишале ситуацијата како врв на санта мраз.
Според нивните информации, новороденчињата починале бидејќи нивните мајки, две со напукнати матки, со денови биле без надѕор во болницата во која недостига заштитна опрема, каде лекарите се преоптеретени со работа, а медицинските сестри во штрајк.
Поради пандемијата на ковид-19 во Хараре се затворени многу помали клиники па бремените жени се упатиле кон поголемите градски болници кои не можеле да се справат со притисокот.
Зимбабве досега потврди околу 2.800 случаи на коронавирус и 40 починати.