Судијката Валентина Ѓоргиевска даде објаснување за кривичното дело за кое е обвинет Владимир Панчевски откако денеска продолжи судењето на поранешниот претседател на Кривичен суд.
Објаснувањето уследи откако Панчевски посочи дека не може да ја подготви одбраната. Претходно, на првото рочиште, тој кажа дека не го разбрал обвинението.
Токму затоа судијката Ѓорѓиевска накратко му го образложи на Панчевски обвинителниот предлог. Поранешниот претседател на Кривичниот суд треба да даде воведен збор.
Панчевски треба да одговара за злоупотреби на системот АКМИС.
Откако Панчевски не се појави на рочиштето закажано за 10 јули, судијата му одреди притвор и беше распишана потерница по него. По пет дена Панчевски сам се пријави во Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.