Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји најави дека на Латинска Америка и на Карибите ќе им позајми милијарда долари за пристап до вакцината против коронавирус, се вели во соопштението објавено од мексиканското Министерство за надворешни работи.
Ји посочи дека вакцината развиена во неговата земја ќе биде јавна корист на универзалниот пристап и дека Кина ќе го поддржи пристапот до вакцината за Латиноамериканците со милијарда долари.
За време на вчерашниот брифинг, мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор и се заблагодари на Кина по најавувањето на заемот.
– Ние сме многу благодарни на Кина, кинеската влада и претседателот. Голема медицинска помош досега ни пристигна од Кина и сега ја имаме оваа поддршка – рече Обрадор.
Според кинеските власти, Кина, Латинска Америка и Карибите, иако се разделени со океаните, останале заедно во практична борба против коронавирусот.
Латинска Америка во мај стана глобален епицентар на коронавирусот. Анализите на Си-Ен-Ен за податоците на универзитетот „Џонс Хопкинс“ покажуваат дека Латинска Америка и Карибите претрпеле повеќе смртни случаи како резултат на ковид-19 отколку Америка и Канада.