До Управниот суд попладнево се поднесени и заведени уште шест тужби по однос на одбиените приговори од Државната изборна комисија, а кои се однесуваат на предвремените парламентарни избори.
Како што информираат од судот, две од тужбите се поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „Обнова на Македонија“, две поднела политичката партија Демократи, една од Единствена Македонија и Коалиција „Никогаш Северна, само Македонија“, и една тужба од МОРО – Работничка партија.
Претходно денеска судот отфрли 40 тужби поднесени од Алијанса за Албанците/Алтернатива и една од Интегра.
Политичката партијата Левица, поднесе 101 тужба по однос на одбиените приговори од страна на ДИК.