Во натпреварите во групи, Ѓорческа во првата недела забележа три победи на четирите меча, во втората недела уште три победи по што се квалификува за т.н. Премиум-рунда со осум тенисерки

ТЕНИС – ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА ИСТОЧНА ЕВРОПА

По подолгата пауза поради пандемијата на коронавирусот, Лина Ѓорческа, најдобрата македонска тенисерка, повторно е активна. Таа настапува на Отвореното првенство на Источна Европа во Белград, во организација на тениската академија „Типсаревиќ“, кое нема натпреварувачки карактер, односно треба на тенисерите и на тенисерките да им помогне што подобро да се подготват за продолжението на сезоната.
Според информациите на интернет-страниците на тениските организации ВТА и АТП, тенисот на глобално ниво во женска конкуренција треба да продолжи на 3 август, а во машка на 10 август.
Во натпреварите во групи, Ѓорческа во првата недела забележа три победи на четирите меча, во втората недела прокнижи уште три победи, по што се квалификува за т.н. Премиум-рунда со осум тенисерки.

Во првото коло, група Ф, денеска Ѓорческа (моментално 342. на ранг-листата на ВТА) треба да игра против Србинката Ивана Јоровиќ, утре треба да се сретне со Бугарката Изабела Шиникова, а в среда и со Тијана Сретеновиќ од Србија.
За Ѓорческа ова се први мечеви по март, кога настапи во Анталија, Турција, и по долгата пауза во која само тренираше и чекаше подобрување на состојбата со пандемијата на коронавирусот. Л.Д.По подолгата пауза поради пандемијата на коронавирусот, Лина Ѓорческа, најдобрата македонска тенисерка, повторно е активна. Таа настапува на Отвореното првенство на Источна Европа во Белград, во организација на тениската академија „Типсаревиќ“, кое нема натпреварувачки карактер, односно треба на тенисерите и на тенисерките да им помогне што подобро да се подготват за продолжението на сезоната.
Според информациите на интернет-страниците на тениските организации ВТА и АТП, тенисот на глобално ниво во женска конкуренција треба да продолжи на 3 август, а во машка на 10 август.

Во натпреварите во групи, Ѓорческа во првата недела забележа три победи на четирите меча, во втората недела прокнижи уште три победи, по што се квалификува за т.н. Премиум-рунда со осум тенисерки.
Во првото коло, група Ф, денеска Ѓорческа (моментално 342. на ранг-листата на ВТА) треба да игра против Србинката Ивана Јоровиќ, утре треба да се сретне со Бугарката Изабела Шиникова, а в среда и со Тијана Сретеновиќ од Србија.
За Ѓорческа ова се први мечеви по март, кога настапи во Анталија, Турција, и по долгата пауза во која само тренираше и чекаше подобрување на состојбата со пандемијата на коронавирусот.