Британските министри планираат да поделат милиони тестови за антитела на коронавирус откако верзијата на тестот, чиј развој беше поддржан од британската влада, ги помина првите големи испитувања.
Станува збор за тест што анализира крв од прст за 20 минути и со точност од 98,6 проценти открива дали некое лице било изложено на вирусот. Ова го покажаа тестовите спроведени врз луѓето во јуни.
Британските дијагностички компании се собраа во конзорциумот „УК Рапид тест конзорциум“ и Универзитетот во Оксфорд и учествуваа во развојот на тестот.
– Утврдено е дека тестот е прецизен со 98,6 отсто и тоа е многу добра вест – рече Крис Хенд.
Досегашните тестови на антитела достапни во Велика Британија подразбираа испраќање примероци од крв за анализа исклучиво во лаборатории, што можеше да трае со денови.
Одобрувањето на регулаторните тела се очекува во следните неколку недели, а тие веќе произведоа десетици илјади прототипи во фабриките низ целата земја.
Министрите се надеваат дека тестот познат како АБЦ ќе биде во масовна употреба пред крајот на годината.
Ханд изјави за медиумите дека Министерството за здравство преговара со Конзорциумот за набавка на неколку милиони тестови.
Тие, најверојатно, ќе бидат бесплатни и ќе бидат нарачани преку Интернет, наместо да се продаваат во продавници.