Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 283 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.
Казни за четири лица од Кичево за неносење заштитни маски
Полициските службеници во изминатото деноноќие на четворица граѓани на Кичево им издале прекршочни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила, за неносење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на пандемската болест ковид-19.
Во истиот период полициските службеници самостојно и во координација со Државниот пазарен инспекторат на ниво на СВР-Охрид, извршиле и 38 контроли врз угостителски и други објекти од кои и дел во Кичево, потсети Стефан Димоски, портпарол на СВР-Охрид.
З.А.