Државната изборна комисија информира дека до 21 часот се поднесени вкупно 82 приговора во врска со парламентарните избори.
Најголем број од приговорите се од Алијанса за Албанците, 74, еден приговор е од Глас за Македонија, a два се од ВМРО-ДПМНЕ.
Приговори можеа да се поднесуваат до 21 часот, додека за сумирањето и утврдувањето на резултатите приговори може да се доставуваат до утре до 19 часот и 30 минути. Роковите за приговори започнаа да течат минатата ноќ откако беа објавени неофицијалните конечни резултати од ДИК.
По завршување на роковите, ДИК ќе закаже седница на која јавно ќе ги разгледа и ќе одлучува за поднесените приговори.