Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, денеска и утре во Шипан, Хрватска, ќе учествува на Конференција организирана од страна на Атлантскиот Сојуз на Хрватска и Фондацијата Ханс-Сајдел Штифтунг, во соработка со Институтот за развој и Меѓународни односи (ИРМО).
Како што соопшти собраниската прес-служба, Џафери, во рамки на Конференцијата, ќе одржи предавање на тема „Современите предизвици на Трансатлантскиот безбедносен простор“, пред 30-тина млади лидери од Хрватска и земјите во регионот.